Луд финиш и уште полуд камбек – губеа шест разлика на три минути до крај, но освоија бод! (ВИДЕО)

Дрим-тимот во обид, данскиот Алборг имаше лош старт на плеј-офот за титулата. Одигра само реми, 33-33 со просечниот Рибе Есбјерг. Резултатот на прв поглед не е премногу изненадувачки, ако се знае во каква форма е Алборг, но е сензационален бидејќи Алборг во финишот водеше со шест гола, 33-27! Домашните намалија на 33-30 на помалку од минута до крајот, а 33-31 беше на 18 секунди до истекот на времето. Погледнете ја лудата завршница на овој натпревар што ретко се гледа...