Филип Кузмановски како играч порасна во Металург, но во еден бурен период кога од клубот си заминува шампионската генерација (поради финансиските проблеми) и екипата останува во раце на младите.
Тогашниот стратег на „металурзите“ Лино Червар ќе му го даде епитетот „небрусан дијамант” и по само година дена ќе ја добие и капитенска лента.
„Во Металург сфатив што е професионализам, затоа што сè друго беше на страна, а ракометот беше во фокусот. Бевме млада екипа, сите знаат како се работеше со Лино. Морам да потенцирам дека ако не беше тој, јас немаше да се занимавам со спорт или да бидам ракометен професионалец. Тој ми беше тренер, но и втор татко. Од него научив многу работи кои ќе ги користам доживотно. Ме изгради во вистински човек со цврст карактер и сум благодарен за тоа и често сме во комуникација. Навистина ми беше жал што така си замина од Металург. Се боревме секогаш со него, а и тој знаеше како да не мотивира, ни велеше дека мора да се бориме и да докажеме дека можеме да се носиме и со голем тим како Вардар, кој беше се посилен. Имавме голема желба за докажување, а тој вадеше максимум од тоа. За него имам само позитивни зборови.“
Други детали од приватниот и професионалниот живот на Кузмановски прочитајте во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија!