Ракометарите на Вардар денеска имаат шанса да го заверат местото во осминафиналето, но неколку работи ќе мора да се поклопат односно да бидат одработени денеска како што треба за да се дојде до посакуваното.
Вардар мора денеска сам да си заврши работа или да го совлада тимот на Мотор Запороќје. Сепак, доколку претходно Монпелје го победи Мешков Брест тука сè ќе биде готово и ќе бидат познати имињата на сите екипи кои одат во осминафиналето од групата Б.
Во групата А ситуацијата е поинаква. Таму уште не е решено ништо бидејќи Барселона, Пик Сегед и ПСЖ и понатаму се во трка за првото место, додека Целје, Елверум и ППД Загреб уште се во битка за последното место кое води во осминафиналето од Лигата на шампионите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО
ГРУПА А
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
17:30ч
ЕЛВЕРУМ – ФЛЕНЗБУРГ
20:00ч
БАРСЕЛОНА – ППД ЗАГРЕБ
НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ
16:50ч
АЛБОРГ – ЦЕЛЈЕ
17:00ч
ПИК СЕГЕД – ПСЖ
ТАБЕЛА: 1. Барселона 20 бода (386:304); 2. Пик Сегед 18 (323:277); 3. ПСЖ 18 (347:306); 4. Алборг 11 (328:337); 5. Флензбург 9 (291:299); 6. Целје 6 (280:335); 7. Елверум 3 (284:324); 8. ППД Загреб 3 (263:320).
ГРУПА Б
КИЛ – ВЕСПРЕМ 29:28
Екберг 8, Пекелер 7, Зарабец 4 – Борозан 5, Нилсон 5, Омар 4
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
15:00ч
КЕЛЦЕ – ПОРТО
17:15ч
МОНПЕЛЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ
17:30ч
ВАРДАР – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Кил 20 бода (377:333); 2. Веспрем 16 (392:341); 3. Монпелје 13 (302:298); 4. Келце 12 (326:308); 5. Порто 10 (310:326); 6. Вардар 9 (309:355); 7. Мешков Брест 6 (310:336); 8. Мотор Запорожје 4 (330:359).