На натпреварите од 5. коло во Лигата на Европа фаворизираните екипи остварија нови победи без многу мака, додека неизвесно до крајот беше единствено на натпреварот помеѓу Фиверс и Адемар Леон.
На дуелот во Австрија, домашниот Фиверс беше на чекор да слави против Адемар Леон, но гостите успеаја да извлечат бод на овој дуел кој заврши со резултат, 33:33. Иако во поголемиот дел гостинскиот тим имаше предност, а така беше и на полувреме, 19:20, сепак, во финишот Фиверс влезе со гол позитива, но не успеа да ја сочува.
Нексе одигра уште една слаба партија и беше поразен убедливо од Магдебург на свој терен со 24:32. Бундеслигашот доминираше на натпрeварот и уште по првото полувреме кога водеше 15:8 ја обезбеди победата, а во вториот дел рутински ја одработи задачата.
Монпелје одигра одлично второ полувреме и стигна до убедлива победа против Алингсас со 32:21, откако по првиот дел беше само 16:13 за домашниот тим. Во вториот дел Алингсас постигна само осум гола и не можеше да се спротивстави на расположениот противник.
Спортинг беше поразен на домашен терен од францускиот Ним со 26:30. Португалците добро го отворија дуелот, но потоа гостите доминираа на теренот. Првиот дел заврши со три гола водство на Ним, 12:15. Во продолжението Спортинг стигна негатива и од пет гола, но следуваше победничка серија на Ним за конечен триумф.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 5.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
ТУЛУЗ – ВИСЛА ПЛОЦК 25:26 (12:14)
ФИВЕРС – АДЕМАР ЛЕОН 33:33 (19:20)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ одложено
ГРУПА Б
ФУКСЕ БЕРЛИН – ДИНАМО БУКУРЕШТ 33:29 (15:12)
КРСТИЈАНШТАД – ТАТРАН ПРЕШОВ 32:25 (14:13)
СПОРТИНГ – НИМ 26:30 (12:15)
ГРУПА Ц
ЦСКА МОСКВА – БЕШИКТАШ 32:24 (21:9)
МОНПЕЛЈЕ – АЛИНГСАС 32:21 (16:13)
НЕКСЕ – МАГДЕБУРГ 24:32 (8:15)
ГРУПА Д
ТРИМО ТРЕБЊЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (14:12)
ГОГ – ТАТАБАЊА одложено
РАЈН НЕКАР – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН одложено
Преполовената Висла триумфално кај Тулуз, ЦСКА Москва доминантна против Бешикташ