Екипата на Пролет се рехабилитираше за поразот од Бутел Скопје во минатото коло и денеска го совлада тимот на Струга со високи 38:20.
Ракометарите на Пролет тргнаа со предност уште од првата минута и постојано беа во предност. Поведоа со 2:0 и овие два гола постојано ги зголемуваа. Беа во водство кое до крајот на првиот дел беше зголемено до седум гола така што во ниту еден момент немаше неизвесност.
Седумте гола од првиот дел постојано беа зголемувани и во продолжението од средбата. Рано стигнаа до двоцифрена предност која продолжија да ја зголемуваат така што разликата до крајот на мечот дојде до 18 гола разлика.
Со овој триумф Пролет остана на иста разлика во однос на тимовите кои се наоѓаат пред нив на табелата така што сè останува исто.
СТРУГА – ПРОЛЕТ 20:38 (12:19)
Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.
СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 5, Попин, Савески, Јанкуловски 3, Ферукоски 4, Русески 1, Симоноски 1, Лекоски, Јаковчески 1, Новаковиќ 1.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.
ПРОЛЕТ: Кизиќ, Коруновски, Кристо, Василевски 6, Аларов, Поповски 9, Давитковски 3, Матовски 1, Манев 2, Додевски 2, Андоновски, Џонов 5, Мајнов, Дамчевски 6, Блажевски 1, Стојановски 3.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 мин.