Тимот на Фуксе Берлин има тежок распоред во Бундес лигата и во Лигата на Европа во овие шест дена.
Во текот на вчерашниот ден на домашен терен, „лисиците“ славеа против Лемго со 32-26, иако гостите парираа одлично во најголем дел од мечот.
Утре Фуксе Берлин доаѓа во Битола и ќе го одигра натпреварот против Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, но за три дена го чека уште еден тежок меч.
„Лисиците“ в четврток гостуваат во Манхајм кај Рајн Некар Левен, па битолчани би можеле да го искористат жестокиот ритам на германската екипа.
Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра утревечер во „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:45 часот.
Пешевски: Фуксе е тим со многу ѕвезди, ќе ни треба голема поддршка од навивачите и среќен ден