Екипата на Пролет со денешниот тренинг го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која тимот влегува со амбиции за влез во плеј-офот и бркање место кое води во Европа.
На првата прозивка на тренерот Алексо Лембанов присуствуваа сите ракометари, вклучувајќи ги и новите засилувања на тимот, Стефан Кочаров, Филип Арсеновски и Антонио Николовски.
Двајцата ќе бидат значително освежување за пивотменската позиција, како и за играта во одбрана на тимот на Пролет.
Предвидено е тимот да тренира по два пати дневно, потврдено е учеството на Пролет на турнирот во Прилеп, а наскоро ќе бидат договорени и преостанатите пријателски натпревари во овој подготвителен период.