Екипата на Пролет со пораз си замина од гостувањето во „Билјанини извори“ во рамките на 12 коло од плеј-офот во Супер лигата.
Избраниците на Лембанов немаа сила да му „земат мерка“ на фаворизираниот Охрид.
Тренерот на Пролет смета дека не биле на потребното ниво и Охрид заслужено победил.
„Очекувавме ние егал натпревар, мислам дека бевме добро подготвени и некаде до 23 минута така и беше резултатот на семафорот. Имавме два напади за водство во првото полувреме и мислам дека одлучи поголемата ротација на Охрид и неподготвеноста на помладите играчи на Пролет. Мислам дека со главите не бевме присутни и не бевме подготвени за натпревар и тоа е тоа. Разликата во квалитет можеби е на страната на Охрид, но оваа разлика со голови никако не соодветствува на разликата помеѓу двете екипи. Охрид е екипа која што е составена од „Легија од странци“ и е нормално да е фаворит против една екипа со домашни млади играчи. Во моментов и буџетот го кажува тоа. Нашата игра денеска е за секоја критика. Им благодарам на домаќините за добриот пречек и им посакувам многу среќа во борбата за Европа“, изјави Лембанов.
Во следното коло екипата на Пролет го пречекува тимот на Бутел.
Охрид го совлада Пролет и останува во игра за излез на европска сцена