Изборното собрание на Ракометната федерација на Македонија привлече доста внимание, па денеска покрај делегатите кои се претставници на клубовите и здруженијата на судии, контролори и тренери, има и гости, а меѓу нив се најдоа и легенди на македонскиот ракомет.
Се работи за поранешни и актуелни репрезентативци кои ќе бидат меѓу гостите на овој настан.
Тука е капитенот на репрезентацијата на Македонија и сè почесто споменуван како нов селектор, Кирил Лазаров.
Меѓу гостите е и еден од најдобрите дефанзивци кои Македонија ги имала Ацо Јоноски, кој во моментов работи како тренер во Германија.
Наумче Мојсовски исто така е на ова Собрание, а тој е како директор на Агенцијата за Млади и спорт.
Има и претставничка на поранешните репрезентативки. Се работи за Мирјета Бајрамоска која се повлече од играњето пред три години.
Едногласна поддршка: Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ
За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува
Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов
Гино Стрезовски со предлог: За посилна репрезентација – не ни требаат странци во Суперлига!
Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги