Најдобриот ракометар на 20-тиот век, Магнус Висландер на 57 години се одлучи да работи како тренер на женската екипа на Кар кој ќе дебитира во елитата во Шведска во новата сезона.
Висландер, сепак, нема да биде прв тренер туку ќе биде вклучен во тренерскиот тим на Кар. Поточно неговата задача ќе биде да им помогне на девојките да играат подобро одбрана. Ќе треба да се фокусира на овој дел од играта така што му следува интересен предизвик.
Магнус Висландер е ракометар кој беше дел од златната генерација на ракометот во Шведска и играч кој учествуваше во сите успеси на крајот на 20-тиот век. Настапуваше на пивотменската позиција и беше играч кој играше подеднакво добро и во нападот и во одбраната.
Претходно беше тренер на машките тимови на Редбергслидс и Гетеборг.