Ланската желба на Вардар потпиша тригодишен договор со ПИК Сегед

Средниот бек на Порто и на португалската репрезентација, Мигел Мартинс, од лето ќе се пресели во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, со кој потпиша договор на три сезони

За него лани беше заинтересиран Вардар, но Мартинс не се пресели во Скопје, а денеска официјалниот сајт на унгарскиот тим го објави трансферот во Сегед.

„Ќе ми биде чест да играм за еден од најдобрите тимови во светот, ПИК Сегед. Ова е перфектно место за мој развој, а исто така бенефит ќе има и националниот тим на Портигалија. Едвај чекам да победувам со ПИК Сегед и да ги оствариме нашите заеднички цели“, вели Мартинс.

ПИК Сегед останува без Жоан Кањелас и Дмитри Житников, па бараше солуција за средната бековска позиција.

За Мартинс ова е прв интернационален предизвик, со оглед на тоа што од почетокот на кариерата игра за Порто.