Во минатата сезона од СЕХА лигата која се уште не го дочекала својот крај, последниот учесник требаше да биде или грчкиот Олимпијакос или унгарската Татабања, но ниту едните, ниту другите не добија шанса.
На нивно место играше кинескиот тим со седиште во Загреб, Пекинг Универзитет, но тие нема да бидат учесници во новата сезона. Романскиот Динамо Букурешт и босанскиот Борац Бања Лука најавија дека сакаат да играат во регионалната конкуренција, а сега таква најава доаѓа и од јужниот сосед.
Шампионот АЕК Атина веќе испратил барање до канцеларијата на СЕХА лига за да добие право на настап во новата сезона, но дали ќе добие потврда останува да видиме. Грците летово се засилија со Кристијан Угалде, Томас Бауер, Патрик Лемос, Луис Фелипе Реина…и имаат големи амбиции.
Македонски претставници во регионалната конкуренција остануваат Вардар и Еурофарм Пелистер, а според првичниот план СЕХА би требало да почне на средината на септември.