Тимот на Кил го освои трофејот во Купот на Германија, откако славеше над Магдебург во финалниот натпревар со 28-21.
Најдобри стрелци кај Кил беа Сагосен со седум и Пекелер со шест гола, додека голманот Ландин имаше 14 интервенции, а кај Магдебург се истакна Магнусон со седум гола.
Магдебург водеше со гол разлика на полувреме, 12-13, а предноста ја одржуваше на стартот на вториот дел, 14-16. Кил преку Сагосен стигна до реми, 16-16 и потоа ја презема контролата на теренот.
Клучниот период на мечот беа последните 12 минути. Кога беше 22-20, Кил преку Дамке, Зарабец и Сагосен стигна до 25-20, Ландин не дозволи до крајот да биде совладан и веќе немаше надеж за камбек на Магдебург.