Репрезентацијата на Македонија на вториот натпревар од Президент Купот беше поразена од Тунис, со резултат 33:28, и нема да можеме да се бориме за „Трофејот на претседателот“.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров изјави дека Тунис заслужено победил на денешниот натпревар, истакнувајќи дека мисијата на македонската репрезентација на Мундијалот е дебитантите и помладите играчи да стекнат поголемо искуство.
„Честитки до репрезентацијата на Тунис, тие заслужија да победат денес, беа подобри од нас, ние имавме можност во неколку наврати, водевме со еден гол, имавме три напади по ред за плус два, но како и претходните натпревари до сега, ние не сме доволно добри во вакви ситуации, нивниот тим има поискусни играчи, имаат менталитет и заслужија да победат. Го започнавме натпреварот многу лошо, со негатива од 5:0 и како што кажав пред почетокот на Президент Купот шанса ќе им дадам на помладите ракометари за да стекнат искуство и самодоверба за во иднина. Тое е наша мисија овде, имаме целосна смена на генерацијата и не очекува многу напорна работа, бидејќи не е исто со и без искусни ракометари. Ние изгубивме денес од добра репрезентација како Тунис и тие како нас не заслужуваат да играат во Президент Купот, но тоа е спортот”, изјави Лазаров.
Слледен ривал на Македонија ќе биде незгодната репрезентација на Мароко. Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе се одигра на 23 јануари со почеток од 18:00 часот.