Лазаров: Со Холандија ќе имаме поголеми шанси за надигрување (ВИДЕО)

Машката репрезентација стартуваше со убедлив пораз од Норвешка со 39-27 на Светското првенство во Полска и Шведска. Селекторот на Македонија, Кире Лазаров имаше пофални зборови за селекцијата на Норвешка, која ја смести меѓу фаворитите на Светското првенство. Легендата на македонскиот ракомет посочи дека поразот бил очекуван, но не со толкав број на направени грешки (17). Лазаров смета дека Македонија има шанси за надигрување против следниот ривал, репрезентацијата на Холандија, која во првото коло убедливо ја порази Аргентина. Колку е задоволен Лазаров од воведниот натпревар на Мундијалот и зошто се одлучи да настапи со четири пикери на првиот дуел, погледнете во видео прилогот во продолжение...