Лазаров со порака: Обединети и сложни, заеднички да извојуваме победа (ВИДЕО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија и ракометар на Нант, Кирил Лазаров упати видео порака. „Како никогаш досега, обединети и сложни треба да ја извојуваме оваа победа. Најтешко извојуваните победи секогаш се и најслатки. Да бидеме чесни, свесни и дисциплинирани, одговорни кон себе и кон сите граѓани на Македонија. Да ги почитуваме сите упатства на одговорните државни институции и така ќе придонесеме за побрзо решавање на новонастаната ситуација со коронавирусот, вели Лазаров. Моето искуство кажува дека сè се случува со причина за наше подобро утре. Да останеме позитивни, со многу верба и максимална дисциплина. Само со овој начин можеме да стигнеме до целта“, рече Лазаров.