Лазаров и после 12 години останува недостижен за најдобрите стрелци на СП

Со победата на Данска против Шведска 26:24 во финалето заврши 27. Светско првенство за мажи. Овој Мундијал по многу нешта беше различен од претходните, а главна причина беше коронавирусот кој диктираше многу работи.

И на ова Светско првенство најдобрите ракометари и стрелци од целиот свет останаа зад недопирливиот рекордер Кирил Лазаров. Тој го сè уште го држи рекордот по најмногу гола на еден Мундијал уште од 2009 година кој се одржа во Хрватска, а Лазаров постигна 92 гола.

На првенството во Египет најдобар стрелец беше репрезентативецот на Катар, Франкис Марцо со 58 гола што е далеку зад рекордот. Втор стрелец беше Сандер Сагосен кој од почетокот на Мундијалот започна многу ефикасно и најави дека можеби ќе оди по рекордот на Лазаров. Како што стојат работите тешко дека некој во блиска иднина може да се доближи до македонскиот репрезентативец.

После 2009 година најблиску до рекордот на Кире беше Микел Хансен кој на претходното Свестко првенство во 2019 година постигна 72 гола или дури дваесет помалку. Втор на вечната листа е Кореецот, Јун Кјун Шин кој постигна 86 гола на првенството во 1995 година. Повеќе од 80 голови има уште само Висем Хмам кој во 2005 година постигна 81 погодок.