Лазаров и Интерактив со прва победа во Третата Бундес лига

Тимот на Интерактив, кој е предводен од поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров, ја забележа првата победа во Третата Бундес лига.

Во натпревар од второто коло во третата по ранг конкуренција во Германија, Интерактив на домашен терен славеше против Хаслох со 30-24.

Најдобри стрелци во тимот предводен од Лазаров беа босанските интернационалци Грбавац со десет гола и Нуиќ со шест погодоци.

Во првото коло Интерактив загуби од Лонгеришер Келн со 35-23, a следниот викенд ќе гостува кај Роднау Роден