Лазаров: Имавме тежок противник, последните две три ноќи не спиев мирно

Репрезентацијата на Македонија славеше во првиот бараж дуел против Романија со 30:22 и на возвратниот дуел ќе патува одлична предност.

Сите репрезентативци одиграа одлично, а селекторот на нашата репрезентација Кире Лазаров беше задоволен од изданието но нагласи дека во реваншот Македонија мора да биде многу претпазлива.

„После долго време беше прекрасно да се игра пред оваа публика. Имавме одличен противник и последните две-три ноќи не спиев мирно. Како што кажа Пааслвал резултатот не е реален, но спортот е таков и треба се игра 60 минути. Многу пати сме биле добри 45 минути а на крајот сме, губеле овој пат не беше така. За разлика од Европското првенство имавме поголема ротација, со мене со Никола Мароски и уште два три играчи, можеби улогите не беа големи не беа важни. Мислам дека тоа беше клучот шт ние победивме. На реваншот мора да бидеме претпазливи, добро го познавам Чави Пасквал и знам дека нема да се предаде“, изјави Кире Лазаров.

Реванш дуелот се игра во сабота во Романија, со оваа предност од осум гола Македонија ќе има одлична шанса за пласман во следната рунда од баражот.