До лани беше дел од репрезентацијата на терен, а сега на секој меч дома Стојанче Стоилов постојано ги бодри ракометарите. Беше и на собирот на репрезентацијата, а сега заедно со „резервите“ заеднички ја отпејаа химната пред мечот со Турција.
Од трибините ги боредеше ракометарите, а селекторот Кирил Лазаров потврди дека за легендите секогаш има место.
„Столе, па јас му кажав уште лани кога заврши на средбата со Чешка. Има многу направено за репрезентациата, и за Столе и за Георгиевски има секогаш отворена врата, вели Лазаров во изјава за 24ракомет.
Доколку Стоилов реши да се приклучи на стручниот штаб, или пак само однадвор како советник, ќе биде уште еден од низата на поранешни ракометари што помогнале на некој начин.
Претходно како дел од стручниот штаб беа и Бранислав Ангеловски, Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.
На пивотменот на Вардар сезонава му завршува договорот со клубот, и неизвесно е дали ќе продолжи да игра, или пак ќе добие некоја функција во клубот каде ги освои двете европски титули, или пак можеби во некоја друга спортска средина.