Лазаревски игра во животна форма – мајсторски гол во мрежата на пелистерци (ВИДЕО)

Кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаревски игра во животна форма на стартот на новата сезона. Тој на двата меча со Рајн Некар од Лигата на Европа беше меѓу најдобрите поединци, а одлична партија пружи и на Супер Куп натпреварот против Еурофарм Пелистер. Таа беше крунисана со атрактивен погодок со шрауба во пад, како што можат само најголемите мајстори во ракометот. Погледнете....