Куп на Македонија: 15 екипи во борба за женскиот Ф4

По мажите, кои веќе ги одиграа натпреварите од групната фаза во Купот на Македонија, претстојниот викенд на програмата ќе бидат и дуелите на дамите.

15 екипи ќе бидат во борба за место на завршниот турнир во ова натпреварување, а дуелите ќе се одиграат во четири групи.

Три од четирите групи ќе имаат организатори, додека во една од групите натпреварите ќе се играат на терените на екипите што имаат право да бидат домаќини според ждрепката.

Натпреварите од четвртфиналните групи ќе се играат во сабота и недела, а завршниот турнир ќе се игра на 8 и 9 мај.

Куп на Македонија, четвртфинални групи:

Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
20/03, 10:00 часот, Ѓорче Петров – Кузман Вардар (Христо Батанџиев)
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров/Кузман (Христо Батанџиев)

Група Б
19/03, 16:00 часот, Феникс – Спартак (Павел Шатев)
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс/Спартак – Овче Поле СУ/Чаир

Група В
19/03, 11:00 часот, Металург – Астибо (Автокоманда)
19/03, 13:00 часот, Шампион – Гевгелија (Автокоманда)
19/03, 19:00 часот, Металург/Астибо – Шампион/Гевгелија (Автокоманда)

Група Г
19/03, 13:00 часот, Пелистер – Куманово (Перо Наков)
Деспина слоб.
20/03, 14:00 часот, Пелистер/Куманово – Деспина (Перо Наков)