Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа ждрепката за Ф4 турнирот во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Вардар и Алкалоид, додека во второто полуфинале ќе играат Еурофарм Пелистер и Пролет.
Завршницата ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 11 до 13 мај, а комплетниот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.
Куп на Македонија, мажи, Ф4:
Алкалоид – Вардар
Еурофарм Пелистер – Пролет
Полуфиналните дуели кај мажите се играат на 11 мај, кај дамите на 12 мај. Двете финалните се закажани за 13 мај.
Бранител на титулата во машка конкуренција е Вардар, кој во ланското финале во Кавадарци славеше против Еурофарм Пелистер со 23:22.
Куп на Македонија: Металург на мегдан со Куманово, Вардар ќе го предизвика Ѓорче Петров