Куманово три години без пораз, шампионот одигра шампионски против Ѓорче Петров! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ZRK Gjorce Petrov ZRK KUMANOVO

Ракометарките на Куманово ја продолжуваат серијата без пораз во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Ѓорче Петров со 20-24. Со оваа победа шампионот се издвојува на врвот на табелата со 20 бода, а ѓорчевки ќе останат на втората позиција со 17 бодови. Јунак на Куманово беше голманката Катарина Митровиќ, која го заврши мечот со 21 одбрани или повеќе од 50% успешност на одбранети удари. Последен пат во Женската лига, Куманово загуби на 17 април 2019 година од Металург, па скоро три години, шампионот ја нема почувствувано горчината на поразот.