Екипата на Куманово продолжува со сигурните изданија во Женската лига. Во 18. коло Кумановки на домашен терен забележаа лесна победа против екипата на Шампион со 44:12.
Избраничките на Ненад Краљевски одиграа рутински од почеток до крај. Победникот беше реше многу рано, после водството од 3:1 на Куманово, Шампион одржуваше приклучок до резултат 7:5.
Следуваше период во кој доминираше Куманово и на противникот му дозволи да постигне уште само два гола до крајот на првиот дел. После 30 минути игра домашната екипа водеше убедливо 23:7. Продолжението не донесе ништо ново на теренот, до крај Куманово оствари победа со огромни 32 разлика.
Најефикасна во победничкиот тим беше Ана Шарановиќ со 11 гола, осум постигна Александра Боризовска, а по шест пати погодија Ивановска и Јанкуловска. Во екипата на Шампион најмногу се истакна Ана Георгиевска со пет погодоци.