Првиот фаворит сезонава за титулата во Женската лига, Куманови забележа висока обеда на гостувањето во Скопје кај Спартак со 34:18.
Со ова Куманово ја потврди улогата на кандидат за трофеите. Сепак, беа потребни 15 минути за да може да се дојде до позиција да се брка победа на оваа средба. Претходно одеше тешко бидејќи Спартак влезе добро во натпреварот.
Домашните водеа до средината на полувремето. Имаа два гола позитива постојано, а водеа со 7:6 после 15 минути игра. Тука почна пресвртот бидејќи следуваа три гола од гостинките. Работите тргнаа на подобро за куманово, а после 10:11 во 22. минута следуваше серија од 7:0 за гостинките за високи 18:10 на одмор.
Во вториот дел искусно се чуваше предноста, а воедно и се зголемуваше така што немаше дилеми околу тоа кој ќе дојде до победата. Немаше простор и шанси за Спартак да се врати во игра, па немаше никакво изненадување.
Пецанова, Кипријановска и Цакмиќ со по пет гола беа најефикасни на овој натпревар во Куманово, додека Стефановска реализираше осумпати во Спартак.