Кузман Вардар пружи силен отпор, но бодовите останаа за Деспина

Ракометарките на Деспина забележаа победа против Кузман Вардар со три разлика, 24:21, во натпревар од Женската лига.

Прилепчанки стартуваа со водство од 1:0 и по седум минути игра имаа и 3:0. Младите ракометарки на Кузман Вардар се обидуваа да остават подобар впечаток, но поискусната екипа на Деспина ги казнуваше нивните грешки. Рипилоска со својот трет гол го зголеми водството за Деспина на 6:2 во 13. минута. Гостинките од Скопје со серија од 2:0 намалија на 6:4 и заостануваа на само два гола неагатива до крајот на првото полувреме кое заврши со водство од 11:9 за Деспина.

Во второто полувреме, Кузман Вардар направи пресврт и со серија од 4:0 стигна до водство од 14:12. Домаќинките се вратија во играта за освојување на бодовите и израмнија на 15:15.

Падот на играта на гостинките беше искористен од страна на домашната екипа и на петнаесетина минути до крајот, Деспина го сврти резултатот во своја полза, 18:17. Во продолжение домаќинот одржуваше водство од еден до два разлика и на крајот успеа да го зголеми своето водство и да ги освои новите бодови.

Најефикасна во составот на Деспина беше Елена Рипилоска со шест гола. Во младиот тим на Кузман Вардар, Сандра Јовевска и Јована Ангеловска беа најефикасни со по шест гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080