Tимот на Скопје, кој во новата сезона ќе биде предводен од новиот тренер, Горан Кузманоски, денес означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Амбициите на клубот во однос на претходната сезона остануваат непроменети – опстанок во суперлигашкото друштво. Минатата сезона, ракометарите на Скопје преку бараж натпревар обезбедија опстанок во македонската елита и во новата сезона повторно ќе се натпреваруваат со најдобрите македонски екипи.
Скопје за новата сезона се засили со десниот бек Жарко Барјактаревиќ, голманот Никола Радовановиќ, крилото Дамјан Јакимовски, како и пивотот Игор Трајковски. Од клубот заминаа Филип и Александар Василевски.
Избраниците на Горан Кузманоски во новата сезона во Суперлигата ќе играат во групата Б. Ривали на Скопје ќе бидат екипите на Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Радовиш и Јуниор КВ.