Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра реванш натпреварот од првиот бараж за СП против Романија.
Левиот бек Филип Кузмановски вели дека целта што е зацртана пред стартот на баражите е четири победи.
„Македонија ќе ги одбрани осумте гола предност во Букурешт. Ние зацртавме една цел, на секој натпревар одиме на победа, сакаме четири победи и пласман на Мундијалот. Втор чекор ни е Романија, се надевам на триумф и во Букурешт и со победа да се подготвиме за Чешка“, изјави Кузмановски за 24Ракомет.
Реваншот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во Букурешт со почеток во 17:00 часот.