Македонија го потврди местото на Европското првенство во Германија во 2024 година, но тоа го направи без помошта на еден од нашите најдобри репрезентативци Филип Кузмановски.
Левиот бек на Вецлар во првото полувреме имаше еден незгоден доскок, веднаш побара помош од клупата и на носилки беше изнесен од теренот.
Имаше болна гримаса, а веќе денеска се врати во Германија, каде што му беа извршени прегледи.
„Стигнав денеска во Германија, сабајле бев на прегледи, а утре ќе имам резултати. Имам болки и потечена ми е ногата. Сега сум во Германија и тука ќе се опоравувам. Лошо беше, лошо доскокнав, но ќе се вратам посилен како секогаш и се надевам дека нема да биде долга паузата“, изјави Кузмановски.
Допрва ќе биде потврдена природата на повредата, должината на паузата, а доколку не може да му помогне на Вецлар во најважниот дел од сезоната во битката за опстанок во Бундес лигата, тоа ќе биде голем хендикеп за клубот.