Тимот на Хановер, каде што игра Филип Кузмановски, славеше победа над составот на Хамбург со 29-27 во натпревар од 26 коло во Германија.
Во натпреварот од Бундес лигата, македонскиот репрезентативец постигна четири погодоци од пет обиди.
Штутгарт, каде што игра уште еден Македонец – Жарко Пешевски, загуби на тешкото гостување кај Рај Некар Левен.
Пешевски беше стрелец на еден гол на овој натпревар.
Во следното коло Хановер ќе оди на гостински терен кај Гепинген, додека Штутгарт дома го пречекува Лајпциг.