Како што информира романскиот „Про Спорт“, Динамо Букурешт има отворена понуда да настапува во новата сезона од регионалната СЕХА лига.
Се чека само „амин“ од тренерот Чави Пасквал, кој е свесен дека тимот нема силни натпревари во романскиот шампионат, а дуелите од СЕХА би ги користел како добра подготовка за Лигата на шампионите.
Новата сезона во СЕХА ќе почне во февруари, но се уште не е познат системот по кој ќе се игра, а треба да има официјализација во следниот период.
Ако Динамо игра во регионалната конкуренција, тоа значи дека Анте Кудуз, Кристијан Дисингер и Едуардо Гурбиндо, ќе дојдат наскоро во Скопје на мегдан против нивниот поранешен клуб Вардар.
Покрај Вардар, македонски претставник ќе биде и Еурофарм Пелистер, измена во однос на лани има само кај српските тимови – наместо Металопластика ќе игра Партизан, а покрај Динамо Букурешт, најверојатно ќе има уште еден нов тим.