Селекцијата на Куба го освои трофејот на ИХФ шампионатот за земји во развој, кој се одржуваше минатата недела во Варна.
Куба, земја која важи за непресушен извор на ракометари, во финалето славеше против Кипар со 28-18, откако и на полувреме водеше со 14-9.
Левото крило Ансер Родригез Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на ИХФ шампионатот. Од кубанскиот состав доаѓа и најдобриот дефанзивец Лидие Вергара Мартинез.
Третото место на овој ИХФ шампионат го освои домаќинот, источниот сосед на Македонија, откако ја победи Индија со 47-18.
Трите најдобри европски селекции од ова првенство – Кипар, Бугарија и Андора, обезбедија пласман во претквалификациите за ЕП 2026 година.