Крстевски заминува од Фочани, ќе има нов предизвик!

Повремениот репрезентативец на Македонија, средниот бек Горан Крстевски во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Ресенчанецот во претходните три сезони настапуваше за суперлигашот од Романија, Фочани.

Иако со Фочани имаше забележителни партии во романскиот шампионат, сепак, одлучи дека му е потребен нов предизвик.

Крстевски потекнува од Ресен, а како играч се афирмираше во првиот и вториот тим на некогашниот македонски шампион Металург.

Организаторот на играта беше дел и од тогашниот тим на Еурофарм Работник пред да замине во странство.

Во следниот период би требало да се знае новиот клуб на 27-годишниот ракометар.