Тимот на Крим го освои трофејот во Купот на Словенија, откако славеше во финалето против Изола со убедливи 30-18.
„Потежок“ испит избраничките на Драган Аџиќ имаа во полуфиналето против Млинотест Ајдовшчина кога славеа со десет гола, 30-20.
Најдобар стрелец во тимот на Крим беше Нгомбеле со 12 гола, додека по пет постигнаа Абина и Коварова. Со оглед на противникот, Аџиќ ги одмораше најдобрите ракометарки.
Ова е 28 трофеј во Купот за Крим, а од досегашните 32 изданија (две немаа победник поради пандемијата со коронавирусот), само два трофеи има уште екипата на Олимпија.