Екипата на Кузман Вардар во најголем дел од натпреварите во Женската лига игра без голман, поради повредата на првиот голман Петровска, па така меѓу стативите со маркер најчесто се случува да бидат Драгана Стојчевска, која игра како лево и десно крило и десниот бек, Анастасија Ѓорѓиева.
Двете ракометарки на сите натпревари имаат двојна улога, да бидат дел од нападите и да го чуваат голот на својот тим. Стојчевска брани во поголемиот дел од натпреварите и се покажува во добро светло.
И двете ракометарки во претходното коло против Спартак можеби го одиграа најдобриот натпревар како голмани. Кузман Вардар беше поразен од Спартак на домашен терен со 25:33 во натпревар од 12. коло од плеј-аут фазата, но дуелот во Илинден го одбележаа токму Стојчевска и Ѓорѓиева кои имаа вкупно 16 интервенции, од кои на Стојчевска и припаднаа десет.
Освен голманските интервенции, Ѓорѓиева имаше и шутерско издание, постигна девет погодоци и имаше неколку асистенции кон нејзините колешки, додека Стојчевска еднаш се запиша во листата на стрелци. Иако, отсуството на голман се чувствува во екипата на Кузман Вардар, сепак, Стојчевска и Ѓорѓиева пружаат добри голмански партии во дадените ситуации.
Одбраните на Стојчевска и Ѓорѓиева против Спартак може да ги погледнете на видеото во продолжение.
Кузман Вардар играше цел меч без голман и убедливо загуби од Спартак