Според информациите на „RTH Handball“, репрезентативецот на Исланд и член на Колстад, Јанус Смарасон, се наоѓа на излезна врата од норвешкиот шампион.
Смарасон, кој од минатата сезона го носи дресот на дрим тимот во обид, не прифатил намалување на платите.
Како што е веќе познато, од раководството на Колстад пред неколку дена информираа дека клубот има финансиски проблеми и поради тоа платите на сите ракометари ќе треба да бидат драстично намалени.
Со одлуката за намалување на платите се согласи ракометната ѕвезда Сандер Сагосен, неговиот потег требаше да го следат и останатите членови, но најверојатно дел од нив не сакаат да играат за помала плата.
Како што информираа „RTH Handball“, Смарасон би требало да биде ново засилување во европскиот шампион Магдебург.
Бундеслигашот на средната бековска позиција се засили со Феликс Клар, го има на располагање и норвежанецот Кристијан О’Саливен, додека Гисли Кристјансон ќе паузира одреден временски период поради повреда.
Колстад е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.
Ривалот на битолскиот тим од страна на ЕХФ доби вајлд-карта за настап во елитата и предизвика голем револт кај Динамо Букурешт.
Динамо се буни пак: Колстад „криеше“ дека има финансиска криза за да игра во ЛШ