Кој ќе биде наследник на Червар – Голужа, Вујовиќ, Обрван, Смајлагиќ, Хорват…

Лино Червар поднесе оставка и по Светското првенство во Египет нема повеќе да ја води селекцијата на Хрватска.

Тамошните медиуми веќе почнаа да пишуваат за евентуалните наследници на Червар на жешкото столче, а „Спортске Новости“ напиша за неколку имиња кои се во комбинација, меѓу кои и двајца екс селектори на Македонија.

Се споменува тренерот на Татран Прешов, Славко Голужа, како најсериозен кандидат, а тој веќе седеше на клупата на Хрватска од 2010 до 2015 година. Во трката е Ирфан Смајлагиќ, а тука се Хрвоје Хорват, кој сега му е помошник на Червар, па Ивица Обрван, Веселин Вујовиќ, кој секогаш е занимливо име кога се зборува за хрватската селекција.

Хрватите пишуваат дека можно е Червар и да се премисли, па да остане и до Олимписките игри ако обезбедат пласман, но тоа е тешко за верување.