Една од најатрактивните и најубавите ракометарки е Романката, Дениса Деду која настапува во екипата на ЧСМ Букурешт. Покрај ракометот таа се обиде да игра одбојка, да се занимава со танц и со атлетика но без некој поголем успех.
После два месеци во карантин Деду конечно излезе надвор и повторно покажа дека едноставно фотоапаратот ја сака. Тоа го потврдуваат и нејзините фотографии кои ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм. И самата таа потврдува дека ужива да се фотографира.
„Ако не станев ракометарка мислам дека ќе бев модел. Сакам да се подготвувам, да позирам, да се сликам. Тоа навистина ме привлекува многу“, рече Дениса Деду за gsp.ro.
На првата фотографија после карантинот Дениса напиша „Назад на слобода“, што беше доволно да има многу реакции од нејзините следачи. Во продолжение погледнете некои од нејзините објави, каде што може да се видат вистински професионални фотографии, дел од нив и провокативни.