Македонскиот интернационелц Никола Костески, кој ова лето потпиша за амбициозниот тим од Чешка, Талент Плзен, на првиот контролен натпревар се покажа во одлично светло и најави дека ќе биде големо засилување за чешкиот вицепрвак.
Македонецот и неговиот тим одиграа контролен натпревар против екипата на Потсдам, односно против вториот тим на Фуксе Берлин и беа поразени со три гола разлика, 27:30 (12:15)
Костески дадената шанса да терен максимално ја искористи, погоди осум пати во противничката мрежа, со што беше меѓу најдобрите играчи на теренот.
За екипата на Потсдам, која се натпреварува во Третата Бундес лига настапува и репрезентативецот на Црна Гора и екс ракометар на Металург, Василије Калуѓеровиќ.