Костески: Покажавме дека вредиме!

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на првиот четвртфинален дуел против Татран Прешов во регионалната СЕХА лига успеа да оствари убедлива победа со 37:29.

Најефикасен на теренот беше членот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески, кој постигна десет погодоци.

Репрезентативецот на Македонија верува во позитивен резултат и на реванш средбата.

,,Паднаа доста голови, сите бевме мотивирани и сакаме да докажеме дека вистински вредиме. Мислам дека до крајот на сезоната ќе го покажеме тоа. Одигравме добар натпревар, направивме голема разлика, но сепак, не треба да се опуштаме на реваншот и таму треба да го дадеме нашиот максимум за да оствариме уште една победа во СЕХА лигата”, изјави Костески.

Реванш средбата меѓу словачкиот шампион и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 10 април во Прешов, со почеток од 18:00 часот.

Јовиќ: Ги сакам Еурофарм Пелистер и Битола – само сплотени со навивачите можеме да освојуваме титули!