Еурофарм Пелистер загуби на премиерниот натпревар во новата сезона на регионалната СЕХА лига, дивизија Југ, од српскиот првак Војводина со 29-24.
Избраниците на Ларс Валтер загубија кај Војводина, а десното крило Ненад Костески вели дека промашените зицери се причината за поразот.
„Честитки за победата на Војводина, заслужија да се радуваат. Имавме многу технички грешки и промашени зицери и тоа на крај нè чинеше пораз. Победата на Војводина е заслужена, но ова е само почеток на лигата. Продолжуваме понатаму и се надевам дека ќе бидеме подобри“, изјави Костески.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостинскиот натпревар против составот на Нексе Нашице.