Екипата на Плзен, во која настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, во шампионатот на Чешка дојде до 11-та победа во новата натпреварувачка сезона.
Плезен на свој терен беше подобра од незгодната екипа на Копривнице, триумфирајќи со пет гола разлика, 35:30.
Домаќините на полувреме имаа резултатска предност од 21:16 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Костески беше меѓу најефикасните во дуелот против Копривнице и натпреварот го заврши со три постигнати погодоци, одигра одлично во одбраната и имаше две украдени топки.
Во следното, 14. коло од чешкиот шампионат, тимот на Костески на свој терен ќе го пречека актуелниот лидер на табелата, амбициозниот Ловосице.