Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, загуби на стартот на плеј-офот за влез во најсилната лига во Австрија.
Холабрун загуби на гости кај Корнебург со 26-22, а Македонците беа најдобри на теренот и ја продолжуваат одличната форма од регуларниот дел.
Десното крило Костески стрелаше седум пати, додека Митков беше втор стрелец и даде шест гола, од кои четири беа од пенал
Холабрун во следното коло ќе се соочи со Грац на домашен во потрага по првата победа.