Костески го однесе Плзен во полуфиналето на чешкиот Куп

Македонскиот интернационалец Никола Костески продолжува да игра во одлична форма оваа сезона во дресот на чешкиот Плзен.

Неговиот тим славеше на незгодното гостување кај Јичин со 34-25 и обезбеди место во полуфиналето на Купот на Чешка.

Костески беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци против составот на Јичин.

Претходниот викенд Плзен ја мина првата европска пречка и обезбеди место во третото коло од Европскиот Куп.