Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се наоѓа во Маврово каде што ја одработува првата фаза од подготовките за новата сезона.
Десното крило Ненад Костески е оптимист за настапот на македонскиот шампион во европската елита.
,,Не очекува еден тежок период, кој ќе биде исполнет со многу натпревари. Се подготвуваме за Лигата на шампионите, но тука го имаме и домашното првенство, најверојатно и регионалната СЕХА лига, не очекуваат премногу дуели…Во оваа фаза од подготовките се работи на физички план, наскоро почнуваме и со тактичкиот дел и се надевам на една добра претстава во Лигата на шампионите и зошто да не изненадиме некои фаворити во Битола, но и на гостински терен. Некогаш буџетот не игра голема улога, па така доколку ја посакуваш победата, треба секогаш да си подобар од ривалот, без разлика со каков буџет располага”, изјави Костески.
Стружанецот, кој во последните две години е меѓу најдобрите стрелци во битолскиот тим, истакна дека неговиот тим за новата сезона цели кон освојување на сите титули на домашна сцена.
,,Оваа година не очекува едно интересно и квалитетно домашно првенство. Како што знаеме, тимот на Алкалоид го подобри својот ростер, но и Вардар е во доста изменет млад состав, така што ќе имаме навистина една многу тешка задача, бидејќи мислам дека е многу потешко да ја одбраниш освоената титула, отколку да ја освоиш, ќе имаме навистина сериозен предизвик, но целиме да ја одбраниме титулата во лигата и Супер Купот, како и да го осовиме трофејот во Купот на Македонија”, заврши Костески.
Пред официјалниот старт на сезоната, битолчани ги чекаат пријателски натпревари против вториот тим, против Охрид, а потоа настапи и на „ТВ турнирот на шампионите“ во Добој и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.
Танкоски: Потешко е да се брани отколку да се освои титула, сите ќе сакаат да ни „земат“ скалп…