Македонскиот репрезентативец Костадин Петров игра во одлична форма на стартот на сезоната во Втората лига на Исланд.
Откако на дебито постигна 11 погодоци, Петров на натпреварот кој неговиот Тор Акурејри го совлада Фрам 2 со 36-31, повторно беше прв стрелец.
Кружниот напаѓач постигна 14 погодоци, од кои дури 11 беа постигнати во првото полувреме, а три во вториот дел.
Петров денеска доаѓа на репрезентативен собир и ќе биде во конкуренција за настап на дуелите со Луксембург и Турција во квалификациите за ЕП 2024 година.