Коронавирусот прави проблем во Шпанија – Димитриевски и Синфин во двонеделен карантин!

Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски денеска објави дека има позитивен случај на коронавирус во нивниот тим.

Името на позитивниот играч не беше објавено, но тој е во добра состојба и нема симптоми на вирусот.

Додека да ги добијат резултатите од тестовите направени денеска, двете екипи и нивните стручни штабови ќе мора да поминат две недели во карантин, што ќе биде проблем бидејќи се ближи почетокот на Асобал лигата.

Тимот на Димитриевски, Синфин играше пријателски натпревар пред два дена со Ла Риоха, кој го доби Синфин со 27-26, а Димитриевски беше најдобар стрелец со седум голови.