Македонија, покажа дека, без разлика на квалитетот и искуството на тимот од играчи кои се селектирани, во мометов, технички е над селекции како Мароко или Алжир и на „сув квалитет“ на поединци, како Кузмановски и Томовски може да позитивно да ги решава натпреварите. Загрижува начинот на кој е поставена играта во напад, организациски, без конкретна идеја, што во ситуација со малку поквалитетен противник доаѓа до израз. Младите играчи во нашиот состав добија шанса, дел од нив покажаа капацитет, дел се сеуште далеку од нивото на еден мундијал. Останува нашиот стручен штаб да процени кој од овие играчи можат да ја однесат во иднина Македонија на големите настани. За нешто повеќе, веројатно, ќе треба да почекаме некои подобри времиња.
Македонскиот национален тим ја забележа втората победа на СП во Полска и Шведска, потворно против африкански преставник, со идентична гол разлика и идентичен број на постигнати и примени голови како на натпреварот со Алжир. Натпревар, кој, очекувано, го стартувавме со Ѓорѓиев на среден бек, но и со Талески како играч кој тешко се снаоѓа во игра на длабока зона, како таа на Мароко, кој играше 5-1 со длабоко излегување на страната каде нема кружен напаѓач, за подоцна да „излезе“ уште подлабо со зона 3-3. Тоа создаде, на краток период, проблеми за нашиот тим, кои убаво беа „маскирани“ со коректна плитка 6-0 одбранбена формација, со очекувано, доста технички грешки на противникот и солидниот настап на Мартин Томовски.
ОДБРАНАТА И ТОМОВСКИ ЈА „МАСКИРАШЕ“ ЛОШАТА ПОСТАВЕНОСТ НА НАШИОТ НАПАД
Викаме, „маскирани“ затоа што, проблемите кои ги имавме во нападот, на така поставена зона, со среден бек кој тешко излегува на крај во игра „еден на еден“ и висок играч на позиција бек, но и бледа игра „два на два“ со стартниот пивот Пешевски, не се ефектуираа во реултатот, кој одеше во наша полза, пред се благодарение на нашата зона, техничката (не)подготвеност на Мароко и голманот Томовски. Сето тоа, ни овозможи, некарактеристично за ова СП, доста „брзи и лесни“ голови, преку младите Атанасиевиќ и Костески.
Имајќи предвид дека нашата одбранбена зона беше коректна, натпреварот беше решен во ситуација кога Филип Кузмановски беше внесен во игра, на позиција на лев бек, со Иван Џонов како среден бек, играчи (особено Кузмановски)кои имаат тркачки карактеристики за решавање на „проблемите“ со длабоката зона на Мароко. Исто така, по којзнае кој пат, Кузмановски покажа дека во ситуација кога нашата селекција има можност да игра транзиција, после техничка грешка на противникот или одбрана на голманите, тој е играчот кој индивидуално знае и може да ги реши работите во своја полза.
Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на СП во Полска и Шведска „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет
МЛАДИТЕ ДОБИЈА ШАНСА, НА СТРУЧНИОТ ШТАБ Е ДА ПРОЦЕНИ КОЈ ОД НИВ ВО ИДНИНА МОЖЕ ДА ЈА НОСИ НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА НА ГОЛЕМИТЕ НАСТАНИ
Македонија, покажа дека, без разлика на квалитетот и искуството на тимот од играчи кои се селектирани, во мометов, технички е над селекции како Мароко или Алжир и на „сув квалитет“ на поединци, како Кузмановски и Томовски може да позитивно да ги решава натпреварите. Загрижува начинот на кој е поставена играта во напад, организациски, без конкретна идеја, што во ситуација со малку поквалитетен противник доаѓа до израз. Младите играчи во нашиот состав добија шанса, дел од нив покажаа капацитет, дел се сеуште далеку од нивото на еден мундијал. Останува нашиот стручен штаб да процени кој од овие играчи можат да ја однесат во иднина Македонија на големите настани. За нешто повеќе, веројатно, ќе треба да почекаме некои подобри времиња.
СО ЈУЖНА КОРЕЈА ЗА ПОПРАВАЊЕ НА ВПЕЧАТОКОТ, ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ЌЕ ТРЕБА МНОГУ ПОВЕЌЕ
Нашиот последен натпревар на ова СП, резултатски неважен за двете селекции, ќе го одиграме против Јужна Кореја, земја со убава ракометна традиција, со своевремено најдобар светски стрелец и бундес ракометар, земја која, слично како нашата, мометално не го игра најдобриот ракомет. Македонија, вторпат на светските првенства, ќе одига натпревар за пласман против азискиот преставник, по оној во Хрватска 2009, кога во борба за 11-тото место, ја совладавме Јужна Кореја. Незгоден противник, со ниски, по раст, ракометари, ислучитено брзи, кои преферираат длабока зона и имаат добра транзициија.
Во ситуација кога Јужна Кореја ќе има проблем со нашата висока зона 6-0, ако нашиот напад успее со влегување на „втор пивот“ на средниот бек или крилата да ја „поремети“ стартно поставената длабока зона „еден на еден“ на противникот и да ја „спушти“ плитко, каде ќе може да се одигра „два на два“ со пивотите, можеме да очекуваме уште еден триумф, за поправање на впечатокот од првенството во Полска и Шведска. Викаме поправање на впечатокот, зошто за решавање на „проблемите“ во мак ракометот (низ призма на националната селекција) кои излегоа на површина преку резултатите (особено играта) на ова СП, ќе треба многу повеќе време, затоа што истите ниту се создадени последните шест месеци, ниту можеме да очекуваме дека ќе се решат за исто толку време. Сепак, од некаде мора да се почне…
СЕЛЕКЦИИТЕ ОД ОВИЕ ПРОСТОРИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ГО СОНУВААТ ОЛИМПИСКИОТ СОН
Последното коло од вториот круг на светското првенство на површина извадија неколку факти, односно ситуации кои се во полето на интерес на овој регион кој секогаш важел за ракометно поткован. Во најдобрите осум селекции на првенството нема место за ниту една репрезентација од поранешните ју простори, да бидеме реални, колку и да изгледаше дека некоја од нив е блиску, тоа не е така. Хрватска, како нај трофејна од „овие простори“, со неадекватно решение на клупата, со многу проблеми со повредени играчи, но и неадекаватна покриеност на сите позиции, нереално бара место во друштво со Данска, Шведска или Франција.
Словенија покажа дека е на добар пат, но за нешто повеќе ќе треба Зорман „да измисли“ играчи на бековските позиции кои ќе можат да ја „отворат“ зоната на противникот, вака со Влах и Доленец и просечни напаѓачи на позиција пивот, тешко може да се снајдат и средните бекови како најдобро покриена позиција во тимот.
Србија, со многу елан и мотивираност, како последица на фрустрациите на ракометната фела и статусот на истата во српскиот спорт, предводена од „мирниот“ шпанец Џерона направи репспектабилен тим со одличен голман, и повеќе од солидни кружни напаѓачи, но и бекови (како фундамент за успех) не се на доволно високо ниво за „големи работи“.
Црна Гора, на минатото ЕП го достигна својот играчки зенит, со оваа група на играчи, предводени од Зоран Рогановиќ, сега веќе поранешнен селектор. Невообичаено, за овој регион, но очекувано од човек кој живее во Шведска, во ситуација кога не го „испорачал“ ветеното, ја понуди својата оставка до некои подобри и „попаметни“ времиња. Се чини дека олимпискиот сон уште долго време ќе се сонува на овие простори.
МИКАЕЛ ХАНСЕН ЌЕ ЈА НАПАДНЕ ТРЕТАТА ЕДНОПОДРУГО ТИТУЛА, КАРАБАТИЌ И ГОТФРИДСОН „НАЈВИСОКИ“ ПРЕЧКИ
Застрашуваки изгледаат репрезентациите кои се пласираа во завршните борби, барем добар дел од нив. Шведска е, се чини, најкомплетна и како домаќин е прв фаворит. Данска со Микаел Хансен (се разбира дека не е само Хансен, тука е и Гитсел, Саугрступ, Ландин…) „пуштен на најако“ како што знае само кога настапува за нациналниот тим, ќе оди на трето злато и статус најуспешна светска селекција. Франција со Винсент Жерард на голот, како проблематична позиција е голем фаворит против повратникот Германија. Шпанија, со тактички најдобриот тренер на денешницата, многу искуство, Алекс Дујшебаев и Перез Де Варгас како предводници во поле и меѓу стативите ќе има, се чини најтешка задача, да ја оправда улогата на „сигурен патник“ во полуфиналето, затоа што за тоа треба да биде подобра од Сандер Сагосен и другарите.
Франција, Шведска, Данска и Шпанија се фаворити во утрешните четвртфинални борби, ама тоа е хартија и прашање на рејтинг. За полуфиналето секоја од нив треба да биде на 102.5% од своите можности.