Шведскиот голман Михаел Апелгрин е блиску до враќање на терените во редовите на Рајн Некар Левен после две години.
Последен пат Апелгрин бранеше на 8. март 2020 година во натпреварот на Рајн Некар Левен против Кил. Швеѓанецот потоа го очекуваа три операции на коленото и рамото, се соочи и со псхички проблеми. Сега според најавите конечно е блиску до враќање.
Најавите се дека Апелгрин може да се врати на гостувањето кај Белинген следната недела, со тоа би се вратил после 746 дена надвор од терените. Можноста за враќање на терените на Апелгрин ја прокоментира и тренерот на Рајн Некар, Љубомир Врањеш.
„Се уште не знам ништо. Напредува и тренира со тимот во последние недели. После ваква пауза најважно е да биде спремен и психички, само така би можел да биде на потребното ниво во наредните години. Ќе ја процениме ситуацијата, нема да брзаме“, изјави Врањеш.